Хардвар открива: Со вљубување најдобро се слабее

Не требаат диети

Според најновото истражување на „Харвард“, вљубувањето може многу полесно да ни го реши проблемот со килограмите отколку строгите диети, а сè благодарение на окситоцинот, кој уште се нарекува и „хормон на љубовта“.

Кога се бакнуваме, прегрнуваме, водиме љубов, го лачиме овој хормон во големи количества, што од друга страна го намалува апетитот. За да го потврдат ова, направено е истражување врз 25 млади, здрави мажи. Дел од нив, поточно 13 имале нормален Индекс на телесна маса (BMI), a 12 имале вишок килограми.

На некои од нив им бил даден назален спреј со сконцентриран окситоцин, додека на некои плацебо. Никој од учесниците не знаел што добил. По прскањето со спрејот, секој од учесниците нарачал појадок од понуденото мени, а им биле донесени дупли порции од што и да нарачале.

Потоа, истражувачите измериле колку калории учесниците внеле во организмот. Осум недели подоцна, учесниците го повториле експериментот, но сега тие што примале окситоцин, примале плацебо и обратно. Резултатите покажале дека љубовниот хормон е достојна замена за десерт.

Кога имале окситоцин во нив, учесниците во просек јаделе 122 калории помалку и 9 грама помалку масти. Исто така го подобриле и метаболизмот.

Со оглед на тоа дека истражувањето е правено врз мала група во која се вклучени само млади мажи, таа ќе се развива и понатаму, бидејќи резултатите биле ветувачки.

Затоа, вљубете се што побрзо!

апетитдиетаисхранаљубов