Клинички повторно е претворен во депонија. Сите корпи за отпадоци се преполни, а ѓубрето е расфрлано на сите страни. И пациентите и медицинскиот персонал се згрозени од како што велат грдата слика во најголемиот здравствен објект во Македонија.
– Што да кажам грда слика, вели еден граѓанин, друг додава дека ова е срамота и ваква слика никаде нема во Европа.
И пред десетина дена Клинички беше преплавен со ѓубре, но под притисок на јавноста минатата сабота комуналните служби го исчисија комплексот. Од здравство иако најавија дека секој викенд ќе има акциии денеска откако медиумите повторно алармираа за проблемот од министерството одговорија дека во соработка со комунална хигиена и неколкку скопски општини попладнево и во текот на утрешниот ден ќе го соберат сметот.
– Ваквото одржување ќе се одвива во континуитет во тек на следниот период, до целосно системско решавање на проблемот со хигиената во Клинички центар „Мајка Тереза“, стои во одговорот од МЗ.
Инаку освен неколкуте акции подолго време никој не ја одржува хигиената на Клинички. Претходно за тоа беше задолжена фирма, а министерството пред неколку месеци го поништи последниот тендер и оваа надлежност и ја врати на Службата за општи и заеднички работи на скопските клиники од каде пак велат дека немаат капацитет да го чистат комплексот, а за избор на нова фирма чекаат согласност од сите директори.
И додека ова да се реализира ѓубрето ќе биде редовен декор на Клинички!