Диетата се состои од четири оброци на ден пред кои задолжително се јаде јаболка.
Со оглед на тоа што вклучува разновидни намирници, нема да чувствувате замор ниту глад.
Дневното мени содржи многу малку јагленохидрати, а повеќе протеини.
Препорачани намирници кои може да се комбинираат во оваа диета се –свежо овошје и сушено овошје, младо сирење, јајца, јогурт, пилешко месо, мисиркино месо, телешко, риба, интегрален ориз, брокула, овесни снегулки, спанаќ, блитва, свежа зелена салата, домати и морков.
Пример за дневно мени
Појадок – јаболко (пред оброкот), омлет и овесни снегулки со малку млеко или јогурт.
Меѓуоброк – јаболко и чаша јогурт
Ручек – јаболко, 2 парчиња печено пилешко месо, варена брокула,малку интенгрален ориз.
Меѓуоброк – овошје или варен зеленчук по избор
Вечера – јаболко, риба (печена на скара) и салата по желба
Диетата се држи толку колку што ви е потребно да се ослободите од килограмите кои ви пречат. Не брзајте со драстичното намалување на калориите, цела есен е пред вас. Не заборавајте во текот на диетата да пиете што повеќе вода (негазирана) и пожелно е да пиете по две чаши зелен чај. Би било одлично ако дополнително се бавите и со некоја физичка активност, барем три пати во неделата по еден час (фитнес, аеробик, пешачење, велосипед). Резултатите се неизбежни, а искуствата покажуваат дека со ваква здрава диета се губат и до 7 килограми за еден месец.