Губењето на коса е ризик за инфаркт кај мажите!

Губењето на косата кај мажите не е само естетски проблем туку е поврзано со зголемен ризик од срцеви болести. Посебно е опасно паѓањето на косата на темето, покажува студијата на универзитетот Токио спроведена на 40.000 луѓе. Научниците откриле дека мажите кои оќелавуваат на темето пред 50-тата година имаат за 52 проценти поголем ризик од инфаркт, додека кај оние кои ја губат косата најпрвин на залисците и на врвот на главата над челото тој ризик изнесува 22 отсто.

Иако врската помеѓу губењето на косата и срцевите болести не е потполно разјаснета експертите сметаат дека мажите кои порано ќе оќелавеат имаат повисоко ниво на хормонот тестостерон во крвта кои исто така е поврзан со зголемен ризик од запушување на крвните садови и хипертензија.

– Ќелавењето само по себе не е знак за претпазливост од срцеви болести, но е многу важно на кое место најпрвин ќе почне да опаѓа косата и во кој период на човекот се случува тоа. Губењето на косата на темето на 20 или 30 години бара поголемо внимание кај мажите, смета Доиран Мадок од британското здружение за здравје на срцето.

И покрај зголемувањето на нивото на тестостерон кај ќелавите луѓе тие може да го намалат ризикот од срцеви заболувања отфрлајќи ги лошите навики и да почнат здрава исхрана и режим со вежбање.

инфаркткосамажипроблемтемеќелавост