Грчкото министерство за здравство соопшти денеска дека музиката за Нова година ќе биде абранета во сите објекти.
Тоа е дел од новите мерки поради порастот на бројот на новозаразени со коронавирус откако се појави омикрон сојот.
Мерките кои требало да стапат на сила на 3 јануари ќе бидат применувани во четврток затоа што бројот на заразени помина 22.000, што е двојно повеќе од завчера.
„Омикрон е сега доминантен сој меѓу новозаразените“, рекол министерот за здравство Танос Плеврис.