Грција ќе дозволи употреба на канабис во медицински цели

Грција се подготвува да дозволи употреба на канабис во медицински цели преку амандмани кои наскоро ќе бидат поднесени во парламентот и тоа би требало да привлече инвестиции, изјавил помошникот на грчкиот министер за земјоделство Јанис Циронис.

– За неколку недели во парламентот ќе биде претставен амандман како законска рамка за одгледување канабис и производство на фармацевтски препарати на таа основа, што ќе отвори пат за нови инвестиции во Грција, рекол Циронис.

Се проценува дека тие инвестиции би можеле да донесат заработка помеѓуи 1,2 и две милијарди евра, додал заменикот.

Грчката влада минатата година под одредени услови дозволи увоз на некои медицински производи на база на канабис и одгледување индиски коноп во индустриски цели.

Десетина земји во ЕУ веќе ја имаат легализирано медицинската марихуана.

грцијаканабислекувањемедицинапопуларно