Гоце Чакаровски именуван за национален координатор за здравство

Владата на редовна седница го именуваше гинекологот Гоце Чакаровски за национален координатор за здравство.

Со ова Чакаровски доби нова функција откако претходно беше тргнат од позицијата заменик министер за здравство во рамки на владината реконструкција.

Чакаровски доаѓа од Битола, каде претходно работел како шеф на родилната сала во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“. Во својата кариера тој бил и претседател на Лекарската комора на Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“, како и заменик претседател на лекарското здружение на медицински центар–Битола.

владаименувањепопуларночакаровски