Бактеријата која ја предизвикува најчестата инфекција која се пренесува преку сексуален пат – гонорејата (позната и како трипер) се развива со голема брзина и е доста отпорна на антибиотици. Во моментов е неизлечива според извештаите на СЗО, а експертите велат дека оралниот секс само го влошува
проблемот.
Откриени се три случаи во Јапонија, Франција и Шпанија, каде докторите пријавиле целосна отпорност на секој лек со кој се обиделе. Но овие три случаи веројатно се само видливиот дел „од сантата мраз“, под кој се крие поголем број, особено со оглед дека системите за дијагностицирање и пријавување на неизлечиви инфекции не се развиени во сиромашните земји, каде случаите на гонореја се всушност многу почести.
Потенцијалната штета од широко распространување на супергонорејата би била застрашувачка. Оваа болест обично не е смртоносна, а луѓето кои ќе ја закачат, особено жените, дури и не покажуваат симптоми на инфекцијата. Сепак, ако не се лекува, гонорејата може да доведе до оштетувања и воспаленија на гениталиите, кои на крај можат да резултираат со стерилитет и кај мажите и кај жените. Истовремено, го прави организмот помалку отпорен на други инфекции, особено на ХИВ. Може да се пренесе и од мајка на дете додека е во матката, зголемувајќи го ризикот од спонтан абортус или раѓање на слепо дете.