Главоболки, варирање на крвен притисок, аритмии – За едно деноноќие 150 јавувања во скопската Брза помош!

Проблеми со дишењето, варирање на крвниот притисок, главоболки…Деновиве ова се најчестите симптоми поради кои граѓаните бараат здравствена помош. Топлото време им го влошува здравјето а најпогодени се хронично болните.

-Ми смета, едвај се движам, еве сега се снимав

-Многу ми смета ова време и затоа гледам да не излегувам и седам дома, Крвен притисок, шеќер..се е проблем, велат граѓани.

Дека високите надворешни температури се проблем и за младите и за старите, зборува и евиденцијата во Брза Помош. За едно деноноќие имале дури 150 повици. Денеска до пладне интервенирале кај пациент со мозочен удар и три колапси на улица.

-Има зголемен број на јавувања и затоа мора да се внимава – Да бараат помош ако имаат глабоволка, дијареа или болки во стомакот..Многу течности и електролити и никако консумирање на алкохол во овие топли денови, вели др. Елена Карева Пиловска од брза Помош.

Кога е топло доаѓа до ширење на крвните садови и со тоа се зголемува можноста од срцев удар, предупредуваат лекарите. Велат дека дополнителен проблем за хронично болните како и метеопатите се најавите на УХМР дека од вечер и за време на викендот ќе има дождови и намалување на темепратурите.

брзавремепопуларнопритисоктопло