Доктор Јохана Будвиг, германска биохемичарка, го посветила својот живот на проучување маснотии и масла и ја нашла идеалната комбинација за борба против малигни болести.
„Нездравите маснотии може да предизвикаат тумори, а здравите маснотии ги растворуваат“, напишала доктор Будвиг.
Таа додала и дека се откриени голем број врски помеѓу фаталните болести и маснотиите. Цврстите масти, што не се растворливи во вода и не можат да се поврзат со протеини, не се во можност да циркулираат низ каналите на капиларите. Крвта се згрутчува и настануваат проблеми со циркулацијата. Единствената супстанца што има карактеристики на канцерогени клетки е изолираната маснотија. Кога живите ткива ќе исфрлат некоја маснотија, телото ја изолира и настанува тежок проблем, затоа што ваквите маснотии одат на места каде што никогаш не би се нашле во нормални услови.
Маснотиите му се неопходни на нашиот организам, бидејќи со нивното разложување се ослободува голема количина на енергија. Освен тоа, поволно дејствуваат на растот и обновувањето на клетките, мозочната функција и на имунолошкиот систем. Меѓутоа, нивното позитивно дејство се одвива само ако се земаат природни маснотии и тоа не во прекумерни количини, бидејќи може да доведат до дебелеење и заболувања на кардиоваскуларниот систем.
Доктор Будвиг, која била седум пати номинирана за Нобелова награда, развила и електрично издиференцирани масла, кои се комбинација од ленено масло, пченични зрна и етерични масла. Овие масла се ставаат на кожата и лекуваат многу кожни болести, а се покажало дека им помагаат и на болните од артритис.
„Успеав да докажам дека протеинските супстанции што се наоѓаат во домашното немасно сирење се во можност да го растворуваат биолошки високо незаситеното ленено масло во вода. Маслото од ленено семе содржи голема количина на омега 3 есенцијална линолеинска масна киселина, која помага при обновување на мембраните на секоја клетка. Канцерогените клетки се закачуваат на мембарните на нездравите клетки“, открила докторката.
Јадете бело сирење и ленено масло почесто и нема за што да се грижите, барем според оваа теорија.