Газираните и засладени сокови опасни по здравјето!

Засладените овошни и газирани сокови го зголемуваат ризикот од дијабетес,срцеви заболувања,карцином,ги оштетуваат бубрезите и предизвикуваат хипертензија.

Секоја година предизвикуваат повеќе од 200.000 смртни случаи во светот, покажува најновото истражување на школата за јавно здравје при универзитетот Харвард.
Научниците тврдат дека иако е тешко да се докаже директната поврзаност меѓу засладените пијалоци и прераната смрт очигледно е дека нивното прекумерно консумирање предизвикува хронични болести, пишува Daily Mail.
Од 9 светски региони Латинска Америка и Карибите имаат најмногу смртни случаи поврзани со засладените пијалоци, додека во Русија се причина за зголемениот број на срцеви заболувања.
-Зголеменото внесување на шеќер, конзерванси и други адитиви во соковите го загрозуваат човечкото здравје и иднината на децата, вели д-р Гитанјали Синг, раководител на студијата.
Тој и неговиот тим докажале дека калориите кои доаѓаат од засладените сокови имаат лош ефект врз здравјето отколку калориите од друг извор. Со внесот на додатни 150 калории по човек на ден го зголемуваат дијабетесот за 1 процент кај целата популација.

болестидијабетесзасладувачикалориисоковишеќер