Газираната вода помага во варењето на храната

Газираната вода настанува со растворање на јагледор-диоксид (CO2) во вода. Со тоа се создава микс кој е „покисел“ од обичната вода, но далеку помалку кисела од желудичната киселина.

Поради специфичното чувство на непцата и вкусот кој го даваат меурчињата, многумина преферираат да пијат гаизрана вода.

Клиничка студија на пациенти со проблеми со варањето на храната биле поделени во две групи, од кои едната консумирала обична, а другата газирана вода. Варењето било подобрено кај луѓето кои консумирале газирана вода.

Истражувачите во Јапонија откриле дека од 250 милилитри газирана вода се ослободува 900 милилитри воздух што создава чувство на ситост. Тие овој ефект ко тестирале на две групи жени, од кои жените кои пиеле газирана вода успеале побрзо да ослабат од тие кои пиеле обична вода.

Газираната вода е одличен избор и за луѓето кои имаат хроничен запек, бидејќи помага во воспоставувањето на редовна столица.

варењеводагазиранапопуларно