Фрлете го сирупот – чоколадото е подобар лек за грлото

Подобро е да каснете малку чоколадо отколку да посегнете по сируп за кашлица

Ако имате проблеми со грлото и ве мачи кашлица, подобро е да каснете малку чоколадо отколку да посегнете по сируп за кашлица. Барем така советува д-р Алин Морис од Универзитетот Хал, кој тврди дека чоколадото ја смирува кашлицата и респираторните проблеми подобро од стандардните лекови.

Тој додава дека неговото тврдење е поткрепено со докази и истражувања кои докажале дека чоколадото е ефикасен лек за кашлица. И претходна студија на Кралскиот колеџ во Лондон покажа дека какаото ја лечи кашлицата подобро од сируп.

Професорот Морис тврди дека чоколадото ја ублажува кашлицата и веќе по 48 часа помага да се наспиете, односно кашлицата нема да ве буди навечер.

 

„Постојат две причини зошто чоколадото е добро за болки во грлото и за смирување на кашлицата. Првиот е  дека исто како медот, формира леплив слој во грлото штитејќи ги завршетоците на нервите кои се иритираат кога сте настинати и можат да предизвикаат кашлица. Втората е тоа што какаото содржи алкалоидни супстанци кои ја ублажуваат кашлицата“, објаснува д-р Сара Џервис.

Тоа што треба да го знаете е дека пиењето топло чоколадо ги нема истите ефекти бидејќи во тој случај какаото не е доволно долго во контакт со грлото, за да оформи заштитен слој. Затоа е најдобро да шмукате парче темно чоколадо кои содржи висок процент на какао.

грлосирупчоколадо