Француски научници идентификуваа нов вирус во болница во предградието на Париз користејќи ја истата техника што се користи за откривање на коронавирус, но велат дека нема причина за загриженост дека ќе предизвика слична здравствена криза.
Вирусот е откриен кај 58-годишна жена која починала од енцефалитис и го добил името „Кристоли вирус“, по париското предградие каде е идентификуван.
Научниците велат дека е премногу рано да се заклучи за што е тој вирус одговорен, бидејќи починатата имала неколку болести, јавува Хина.
„Стануваше збор за имунокомпромитирана личност, сериозно болна уште пред почетокот на енцефалитисот“, рече професорот Џаин-Мишел Павлоцки, раководител на медицинска биологија во болницата „Хенри-Мондор“ во предградието каде што беше откриен вирусот.
“Во моментов, ние знаеме само за тој еден случај. Ако има повеќе во иднина, секако дека ќе имаме појасна идеја за тоа каква е клиничката слика поврзана со овој вирус”.
Професорот објасни дека новиот вирус е од видот orthobunjavirus, семејство на патогени кои најчесто се шират од комарци.