ФОТО: Знаци дека некоја бенка е опасна

Како да препознаете?

Меланомот, познат како малиген меланом, е канцер кој се развива од клетките што содржат пигмент познати како меланоцити. Меланомите обично се појавуваат на кожата, а во ретки случаи и на устата, цревата или окото. Кај жените најчесто се појавуваат на нозете, додека кај мажите на грбот.

Некогаш се развива од бенка кај која настануваат промени како зголемување, гранична неправилност, промена во бојата, чешање или појава на улцери.

Доколку се детектира навреме, меланомот може успешно да се излекува.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на „Фејсбук“ споделија фотографија на која се наведени пет предупредувачки знаци за откривање меланом.

Погледнете ја фотографијата на која многу убаво е објаснето кои бенки на човековото тело можат да бидат опасни.
бенказнациопаснафото