Кога пред 25. години поради канцер му бил изваден еден од белите дробови, Чеда Зобеница (66) лек побарал од природата.За секој организам постои комбинација која му одговара и лекува…
Кога пред 26. години останал без едно белодробно крило бидејќи му бил дијагнострициран
канцер, на Чеда Зобеница (66) лекарите не му предвоидувале долг живот. Особено не мислеле дека ќе ги надживее повеќето здравствени работници од екипата која тогаш го оперирала. Овој Личанин кој моментално живее во Трст, своевремено славен белградски готвач, а подоцна сопственик на ланец самопослуги во Италија, верува дека животот му го продолжиле тартуфите и ракијата која сам ја прави.
Сешто Чеда признава, испробал да го подобри имунитетот во текот на борбата со свирепата
болест. Во првите години после операцијата живеел на Доломитите, на 1.500 метри надморска висина, и тој планински воздух сигурно добро му дошол. Пред 10. години болеста повторно пристигнала.
Му бил дијагностициран рак на коските, а потоа и леукемија. На предлог на пријател, а потоа и самиот Чеда се сетил дека како искусен готвач често ги користел „волшебните печурки“ – тартуфите.
„Верувам дека за секој организам постои комбинација која му годи и го лекува, а јас своите лекови самиот си ги направив и ја нареков ’чедовача медовача’“,раскажувал низ смеа Чеда.
Својата специјална сливова ракија ја правел од бели и црни тартуфи, мед, шипка, глог и
некои зачини. Како и повеќето врвни готвачи не ги открива точните состојки, но признава дека сите кои ја пробале „чедовача“ биле воодушевени. И’ секогаш се враќале во барот на уште една
чашка.
„Во една средба на српската заедница во Трст подготвив послужување со мојата ракија, но
и органска проја и палента, во кои исто така додавам тартуфи, и реакциите беа феноменални“, раскажува Чеда.
Чеда не крие дека сиве овие децении ги слушал советите на лекарите, одел на терапии, земал лекови, бидејќи свирепиот мултипли миелом, кој ги напаѓа коските и крвта, бил констатиран во тратата фаза.
„Напоредно со хемотерапијата, кога параметрите од крвта кои редовно се следат ќе покажеа лоша состојба, би ја засилил мојата кујна со тартуфи и секогаш би се уверил дека после тоа здравствената слика ми е многу подобра“, вели Чеда.
„Никако не би сакал да оставам впечаток дека тврдам дека тартуфите и мојата ракија ми ги подарија сиве овие години живот“, додава тој.
Што јаде Чеда?
Секој ден Чеда јаде 10 грама тартуфи. Последните години со трговија на овие печурки се бави неговиот син, па така поедноставно доаѓа до тартуфи, кои инаку растат под земја и тешко се пронаѓаат а и цената им е многу висока. За тоа дека се вистинско богатство сведочи и цената – црните во малопродажба чинат околу 100. евра, а белите од 500. до 4.000 евра.
Средба со хирургот
Неодамна Чеда на улиците на Белград го сретнал хирургот кој пред 25. години бил во тимот кој го оперисал. На докторот ликот му бил познат, мустаќи, висока фигура и мислел дека е некој роднина на Чеда Зобеница. Кога му одговорил дека не е роднина туку лично тој докторот не го криел изненадувањето. Дури и му поризнал дека од таа екипа, која пред четвртина век ја направила операцијата, живи се само двајца.
Оцет и сосови
Во редовната исхрана Чеда користи и оцет, кој самиот го прави од мед и тартуфи. Така од еден килограм мед прави 12. литри оцет. Освен тоа подготвува и неколку различни ароматични, слатко – лути сосови. Најмногу користи пченкарна, органска, палента со тартуфи.