Физички симптоми кои укажуваат на депресија и анксиозност

Никако не ги ингнорирајте!

Ако никогаш не сте имале проблеми со менталното здравје, можеби сте биле едни од оние кои кажуваат „тоа е само во твојата глава“, на некој што живее со депресија и се обидува да објасни како се чувствува.

Доколку навистина мислите дека сето она што ги мачи луѓето е само во „нивната глава“ можеби треба да се запрашате. Или, уште подобро, да се обидете да научите нешто ново.

Во 21 век ги имате сите знаења од овој свет достапни на интернет. Проблемите со менталното здравје се реални проблеми. Овие болести се вистински болести.

Ништо помалку реални отколку грип, рак, срцеви заболувања. Анксиозноста и депресијата многу често може да не ги забележите и третирате како такви, но постојат симптоми кои укажуваат на тоа.

Покрај суптилните знаци, постојат и физички симптоми кои може да укажуваат на анксиозност и депресија, но со оглед на тоа што се секојдневни, не значи дека мора да станува збор за тоа.

Сепак, доколку забележите повеќе од следниве симптоми, не ги игнорирајте и побарајте помош:

Главоболка/мигрена

Главоболките се поврзани со депресија и анксиозност. Можат да бидат умерени или екстремно силни, во зависност од различни фактори. Ова е фрустрирачко, бидејќи некогаш не застануваат, можат да траат со денови или недели.

 

Вртоглавица/слабост

Ова е, исто така, поврзано со анксиозност и депресија. Може да настапи одеднаш, или постепено да се зголемува. Понекогаш е поддржувач на напади на анксиозност.

Болка во грбот

Болките во грбот често се јавуваат кај луѓето кои страдаат од депресија. Односно, депресијата често ја пратат различни форми на хронична болка. Депресијата дополнително ќе ја влоши болката предизвикана од други болести.

Проблеми со варење

Депресијата може да влијае на телото до тој степен што буквално предизвикува дијареја или констипација.

 

Болка во мускулите/зглобовите

Ова е исто еден од физичките симптоми на депресија. Не постои очигледно објаснување, ниту причинско-последична врска. Сепак, научно е докажано дека луѓето кои страдаат од депресија често страдаат од болка во мускулите и / или зглобовите.

Болка во градите

Почесто се јавува кај луѓе кои страдаат од анксиозност. Понекогаш чувството може да биде буквално како доживување на срцев удар.

 

Чувство дека не можете да дишете

Овој симптом почесто се јавува кога станува збор за вознемиреност. Чувството е како некој да ви ги затегнува ребрата. Како задушување.

Гадење/повраќање

Чувство на гадење, исто така, се јавува кај луѓето со депресија и анксиозност.

 

Потење

Напади на анксиозност често се придружени со зголемено потење, што може да биде многу фрустрирачко.

Треска

Ова е еден од честите симптоми на анксиозност. Не можете да ги смирите рацете, а понекогаш ни целото тело.

анксиозностдепресијазнаци