Зимата е период кога немаме на располагање доволно свежо овошје и зеленчук, па мораме да се храниме полошо отколку во другиот период од годината.
Кога имате недостаток на некој важен нутритиент, вашето тело праќа физички сигнали кои не смеете да ги игнорирате. Треба да ги препознаете и да му ги дадете хранливите состојки кои му се потребни.
Така, ако имате испукани усни, имате недостаток на витамин Б6.
Шкрипењето со забите во текот на ноќта укажува на потреба за витаминот Б5.
Белите дамки на ноктите значат дека треба да примате повеќе цинк.
Запек или дијареја? Обидете се да внесувате повеќе магнезиум, ако е потребно дури и како суплемент.
Акните на рацете и бутовите значат дека ви е потребен витамин Е.
Честите инфекции на грлото и усната шуплина ви порачуваат дека треба да примате повеќе витамин А.