Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Коронавирусот не е шега, порана на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче, потенцирајќи уште еднаш дека препораките мора да се почитуваат.
Сакам уште еднаш да повторам. Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје. Но, ова институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните. Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик, вели Филипче.
Македонија досега има регистрирано 31 пациент заразен со КОВИД-19.