Филипче ќе го менува законот за абортус – Ќе ја олесни процедурата!

Ќе нема повеќе задолжително советување за жените кои сакаат да ја прекинат бременоста. Министерството за здравство прави измени на законот за абортус и најавија укинување на повеќе одредби кои ја одолговлекувале постапката и го загрозувале здравјето на пациентката.

-Ќе се укинат дел од комисиите, ќе најдмеме најсоодветно решение бидејќи, како што знаете сега дел од тие процедури траат предолго и можат да доведат до компликации на здравјето по жената. Работиме на изнаоѓање на најсоодветно решение, вели др. Венко Филипче, министер за здравство

Со сегашното законско решение, жената која сака да абортира мора прво да отиде на гинеколог каде преку ултразвук и се пушта да го слушне чукањето на срцето. Потоа оди на задолжително советување каде по објаснувањата на стручните лица и се оставааат пет работни дена да размисли. Пред тој рок ниту еден лекар не смее да направи абортус. Според Филипче, целта на измените на законот е олеснување на оваа долга процедура.

-Токму тоа е целта на денешната средба со граѓански здруженија, да ги слушнеме и нивните размислувања и да донесеме најдобро решение со укинување на сите непотребни одредби, вели Филипче.

Пред пет години овој закон беше донесен по итна постапка. Тогаш предизвика бурни реакции во јавноста и протести на невладини организации, но без конкретен епилог.

законизменипопуларнофилипче