Филипче: Изборот е на граѓаните, ако не се почитуваат мерките ризикуваме враќање на остри мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче, утринава до јавноста упати видео порака во која вели дека по олабавувањето на рестриктивните мерки, се зависи од однесувањето на граѓаните и почитувањето на мерките, каква ќе биде понатамошната ситуација со епидемијата во земјава.

-Исправени сме пред два избора – да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање, вели Филипче во видео пораката.