Здравствените работници кои ги згрижуваа повредените патници од страшната несреќа кај ласкарци, ќе добијат награди ама по изборите.
„Имавме консултации со Секретаријатот за законодавство и, искрено, ништо не можевме да направиме во овој период пред изборите. Тоа ќе го направиме по завршување на изборите. Одредивме од кои ставки ќе се прераспределат средства од Министерството за здравство. Истовремено, работиме на изнаоѓање средства за да се покрие сумата за партиципација на повредените патници кои се лекуваа во болниците, веднаш по завршување на изборите“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.Филипче им подели благодарници на претставници од сите болници каде се лекуваа преживеаните патници од несреќата, во која уште истата вечер на 13 февруари загинаа 15 патници а повеќе од 30тина беа повредени.