Евтини и ефикасни маски за лице од вашиот фрижидер

Домашни и природни

Овој период е вистинско време да го освежите вашето лице со супер свежи маски! И наместо да трошите пари на скапи маски, искористете ги намирниците од вашиот фрижидер.

Пилинг од овесни снегулки: За да се решите од мртвите клетки на кожата, не ви се потребни скапи пилинзи. Едноставно измешајте две лажици овесни снегулки, две лажици сода бикарбона и малку вода, за да добиете густа смеса што потоа ќе можете да ја размачкате на лицето. Околу две минути, втријте ја смесата во лицето, а потоа измијте го со топла вода.

Маска од мед и цимет: Многу девојки низ светот се вљубени во оваа маска, која покрај тоа што е едноставна за подготовка, таа е исклучитело ефикасна и хранлива за кожата. Измешајте три лажици мед со една лажица цимет во прав и оставете ја 30 секунди во микробрановата печка. Кога маската ќе се излади, нанесете ја на лицето и на вратот, а потоа измијте ја со млака вода. Медот ќе ја нахрани вашата кожа, а циметот со неговите антимикробни својства ќе и помогне на вашата кожа во борбата против акните, со оглед на тоа што ги убива бактериите и превентивно делува на инфекциите.

Маска од краставица и јогурт: Ако вашата кожа е сува и склона кон лупење, задолжително пробајте ја оваа маска. Земете една помала краставица, излупете ја и ставете ја во блендер. Мешајте сѐ додека краставицата не се претвори во лесна смеса. На краставицата додадете и една лажица јогурт. Маската нанесете ја на целото лице и оставете ја да делува од 20 до 25 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

лицемаскиприроднифрижидер