Зголемената побарувачка за кислород е виновна за поголемиот нос кај мажот, покажало истражувањето на Американскиот универзитет во Ајова. Тие имаат 10 отсто поголем нос во однос на жените.
Како што мажите имаат повеќе мускулна маса од жените потребен им е повеќе кислород и затоа носот е поголем. Тоа според научниците всушност е дел од еволуцијата. Неандерталците имале поголем нос од современите луѓе, бидејќи нивните тела барале повеќе кислород.
Разликата меѓу половите е најголема по 11 година бидејќи телото тогаш почнува да се развива – машките добиваат мускули а девојчињата масно ткиво. Со влезот во пубертетот, како што објаснуваат истражувачите, на машките им треба повеќекислород за раст на мускулите.