Целерот, не само што ги отстранува отровите од телото, туку помага во регулација на крвниот притисок, делува поволно при заболувања на црниот дроб и жолчка, а помага во регулирањето на шеќерот во крвта, поради што им се препорачува на дијабетичарите.
Само две стебленца од целер содржи 15% од дневната потреба на организмот од витамините А и С. Освен тоа, целерот е малку калоричен продукт, 2 лажици целер има 2,7 калории.
Целерот е богат и со прехранбени влакна, па токму затоа и помага за намалување на гасовите во стомакот и отстранување на токсините од организмот.