Кога ви е затнат носот е невозможно убаво да се наспиете. Луѓето коишто не можат да спијат кога имаат алергија, настинка, грип поради тоа што носот им е затнат, се будат неколкупати во текот на ноќта заради отежнато дишење. Со оглед на тоа дека сонот е важен за да закрепнете, лекарите даваат неколку совети како да ја олесните оваа состојба.
Ви препорачуваме да комбинирате неколку од овие совети.
Кренете ја главата
Користете навлажнувач
Сувиот нос може да предизвика болка. Навлажнувачот ја спречува претераната сувост и ја намалува болката при вдишување кога носот е затнат.
Во навлажнувачот може да додадете и есенцијални масла. Важно е само навлажнувачот да го чистите редовно.
Сите предмети ставете ги покрај креветот
За да не мора да се расонувате и да станувате од кревет, чувајте ги влажните марамчиња, кантата за отпадоци и шишето вода покрај креветот.
Јадете мед
Проблемот со затнат нос предизвикува дишење на уста со што дополнително го сушите грлото и чувствувате болка.
Тоа може да го отежи спиењето кај луѓе кои веќе се настинати. Медот ја намалува непријатноста во грлото. Исто така, ја ублажува кашлицата.
Туширајте се со топла вода
Топлата вода ќе направи пареа која ќе ви ги отвори синусите. Ова ќе ја намали болката и ќе ви го олесни дишењето.
Користете физиолошки раствор
Спрејот за нос кој содржи солена вода може да ги испере синусите и да ги одзатне. Испирањето со солена вода помага во ублажување на иритациите и отокот.
Пијте антибиотици
Доколку носот ви е затнат до таа мера што не можете да дишете, консултирајте се со вашиот лекар кој може да ви препише антибиотици кои го олеснуваат дишењето, а вооедно ги намалуваат и болките во мускулите и главоболката.