Еве како во соседството ги решаваат пропустите кога мајка ќе го напушти родилиштето со туѓо бебе!

Во породилиштето на Клиничкиот центар во Црна Гора се случил инцидент, при што мајка била пуштена со туѓо бебе, објави РТЦГ.
Откако го презеле бебето од бабицата и го напуштиле породилиштето, родилката и нејзиниот сопруг не ни претчувствувале дека детето не е нивно, а прв се посомневал таткото, кој забележал дека бебето е многу поситно.

Кога стигнале дома, мајката го отповила бебето и забележала дека бројот на алките не им е ист. Веднаш се вратиле во породилиштето, каде што ги чекало нивното бебе.

„Во моментот на отпустот медицинската сестра, како и бабицата, не забележале дека мајката и бебето немаат ист број. Пропустот настанал поради несовесна и неодговорна работа бидејќи сестрата не се придржувала до процедурата и протоколот во врска со отпустот на родилката и новороденчето. Наведениот пропуст веднаш бил забележан и отстранет“, се наведува во соопштението од Клиничкиот центар.

Директорот на Клиниката за гинекологија и акушерство веднаш ја известил управата на Клиниката за инцидентот, а против одговорната сестра е поведена дисциплинска постапка против промена на работното место и суспензија.

Од таму соопштиле дека во иднина во моментите на отпуст, покрај мајката, ќе присуствуваат уште три лица од Клиниката, еден ноенаталог и две медицински сестри.

бебемајкапопуларнопропустродилиштетуѓо