Епидемиолозите допрва го очекуваат пикот на грипот во Македонија

Над 2000 болни од грип се пријавени минатата недела во Македонија. Двојно повеќе од претходната седмица. Најмногу новозаболени се регистрирани во Дебар и Гостивар. Според епидемиолозите иако бројот на грипозни е зголемен пикот на грипот допрва се очекува.
-Пикот на заболување го очекуваме на средината на февруари, изјави прим. д-р Жарко Караџовски, епидемиолог во ИЈЗ
Инаку оваа сезона во лабораторијата на Институтот за јавно здравје потврдено е дека во земјава циркулираат вируси на грип и од А и од Б типот. Досега се пријавени околу 5.500 болни.

вирусгрипепидемиолозиијзкараџовски