Постојат некои митови и вистини со кои се сретнуваат заболените и нивните блиски. Доц.др.сц. Хрвоје Шобат, др. по медицина од Клиниката за тумори објасни што е вистина, а што не е.
1. Бенигните тумори не смеат да се помрднуваат бидејќи ќе станат малигни?
Тоа не е вистина. Препорака е да се отстрани посебно ако расте на некое место каде пречи, на пример под рака, под пазува.
2. Туморите не се лекуваат?
Тие се лечат, зависно од стадиумот во кој ќе се откријат. Колку порано се открива прогнозата е поповолна. Од 20.000 заболени, се излекуваат 10.000, значи грубо 50 отсто од сите дијагнози, од сите видови, сите стадиуми ќе бидат излечени. Но, што значи дека лицето е излечено? Ако има 30 години па живее наредните 50, тоа е излечено. Ако лицето има 80 години, ние го лечиме и му даваме пет години, а тој по две години умира од срце, тој статистички е излечен. Случаите сами да се повлечат се многу ретки, речиси невозможни.
3. Успешноста на лекување зависи од возраста на пациентот, а постарите лице се во предност бидејќи не им вријат хормоните?
Лекарот одлучува какво лечење ќе избере за некој тумор и кој може да го поднесе, тоа нема врска со возраста на пациентот. Лекарот е тој кој знае какви се нуспојавите и ризиците од лечењето. Прогнозата зависи и од видот на туморот за кој станува збор. И не се сите тумори хормонски зависни. Забележано е дека некои имаат побавен тек во многу висока животна возраст над 80, 85 години. Но, тоа не е причина туморот да не се лечи.
4. При секое лечење паѓа косата?
Тоа не е вистина, посебно не на зрачењето. Зрачењето е целна терапија и делува само таму каде што ќе се насочи. Ако се зрачи лежиштето на косата, т.е. мозокот, тогаш косата во најмала рака се проретчува, т.е. паѓа. Сите други локации немаат врска со паѓањето на косата на главата. При зрачењето некои подрачја мора да се епилираат, на пример пазувите, интимните делови, но косата нема да падне.
Косата не паѓа ни кај хормонското лечење, а и кај хемотерапиите има многу различни лекови кои зависно од дијагнозата се применуваат во одредени комбинации. Веќе се знае кои лекови и кои комбинации предизвикуваат повисок или помал степен на алопеција. Така што со голема веројатност може да се предвиди дали пациентот ќе ја изгуби косата. При предлагање на лечење лекарот ќе ве предупреди на тоа. Но, има хемотерапии кај кои косата не паѓа.
5. Туморите се генетски предиспонирани?
Се уште не знаеме што ги предизвикува туморите. Но генетското наследство има голема улога и научно е докажано дека некои видови на тумори се почести во некои семејства. Зависноста е многу голема посебно кај тие кои не зависат од начинот на животот, на пример од пушење, алкохол, промискуитетност… Некои семејства знаат да имаат генетска оптовареност за некои видови и некои се наследуваат. Туморот може да биде целосно нова мутација и никој во семејството порано го немал и тоа е почест случај. Наследноста на генетската оптовареност посебно е позната за некои тумори од типот на тој на градите. Со тоа дека секое дете има по половина генетски материјал и од таткото и од мајката. Ако во еден родител се наоѓа предиспозиција, а во другиот не, на секоја идна генерација таа оптовареност се разводнува и се намалува. Лица со таква семејна амамнеза не треба да се плашат од таа лоша болест. Не се претворувајте во пациенти, кои секој ден одат на лекар. Но, мора да бидете разумно внимателни и свесни дека сте во одреден ризик. Почнете порано со превентивни прегледи.