Сите знаеме дека црниот дроб ги отстранува од организмот штетните материи, но неговата улога е уште поголема.
Во него се складираат железо и одредени витамини како и глукоза која црниот дроб ја испушта во крвотокот кога на телото му е потребно повеќе шеќер за енергија.
Црниот дроб исто така ги испушта и старите крвни зрнца, инсулин и други хормони. Затоа е многу важно овој орган да е секогаш во топ форма.
Црниот дроб е орган кој служи за складирање на хранливи материи и за неутрализирање на штетните материи.
Но денешната исхрана е полна со штетни материи кои црниот дроб не може сам да ги уништи заради што му е потребна сета можна помош.