Треба да се пие редовно секој ден вино и тоа најдобро навечер со јадење. Препорачана доза за мажи е четири децилитри, а три за жени. Овие препораки ги дадоа експертите кои учествуваа на семинар во чешкото Собрание.
Според кардиологот Милан Шаманек најопасно е брзото пиење, што значи пет чаши тврд алкохол за време на два часа. „Мирното“ пиење според неговата студија ја снижува можноста за инфаркт за 35-50 проценти.
Недоверба и неверување кај учесниците на семинарот предизвика и неговото тврдење дека треба да се почне со пиење на алкохол веднаш по доживеан инфаркт за да се има здрав црн дроб.
-Кога пиете алкохол е подобро за вашиот црн дроб отколку кога не пиете, изјави лекарот, додавајќи дека со пиење се продолжува животот дури за пет години.
Ова е сосема спротивно на твредењата на некои стручни лица кои сметаат дека алкохолот е штетен за здравјето на луѓето и ги уништува мозочните клетки.
Според Шаманек, треба да се додржува режимот на редовно секојдневно пиење алкохол, во мали количини.
Според него ризично е пиење алкохол кај бремени жени, доилки и мажи кои се плашат за својата потенција.