Ефикасни бабини лекови против кашлица

Често постарите знаат да ни дадат некој совет и рецепт онака како тие се справувале со настинките и вирусите во минатото. Верувале или не некои од овие рецепти се навистина делотворни.

Еве две рецепти за бабини лекови, кои доколку започнете да ги консумирате на почетокот од настинката, ќе се спасите од можни понатамошни компликации како што е бронхитисот на пример.

И двата рецепти за овие лековити напитоци се многу вкусни и пријатни за пиење, па може да ги користати деца.

Есента е период кога сите ние добиваме вирусна или бактериска инфекција.

Често се среќаваме со различни воспаленија, бронхитис и кашлица, а честопати боледувањето трае долго.
Вирусните инфекции доведуваат до бронхитис и појава на сува или продуктивна кашлица која може да трае и до 2-3 седмици.

Многумина се разбира, веднаш одат во аптека и купуваат антибиотик.
Кај вирусните инфекции антибиотикот не помага и доколку вашиот доктор не ви го препишал, вие си нанесувате повеќе штета отколку корист.

На тој начин, со беспотребно користење на антибиотиците, вие ја зголемувате резистентноста на микроорганизмите.

Затоа подобро е да се обидете со некои природни лекови кои ќе му помогнат на организмот да се избори со болеста, без несакани ефекти.

Рецепт број 1

Сварете 250 мл млеко и оставете да излади на собна температура. Додадете 1 лажичка путер и 1 лажичка мед.

На страна изматете една жолчка од јајце со четвртина лажица сода бикарбона.

Додадете го во млекото и промешајте. Овој лек се пие пред спиење, барем пет дена по ред за постигнување на подобри резултати.

Овој лек е одличен за трахеитис, болно грло, кашлица и бронхитис, а можат да го користат и деца.

Рецепт број 2

2 лажици маслиново масло, 2 лажици вода, 1 лажица мед и 2 лажици лимонов сок

Измешајте и ставете на оган да се загрее. Половината се пие наутро, а втората половина навечер.

Започнете со примена навреме, додека симптомите на вирусот не се влошиле, па никогаш ќе немате проблем со бронхитис и кашлица.

болно грлобронхитисгрипкашлицанастинка