Едноставен тест од 30 секунди кој ќе ви открие дали срцето ви е здраво

За здрав и долг живот одговорно е срцето, па затоа е неопходно да водите грижа за неговото здравје. Постои еден тест со кој можете да проверите како функционира вашето срце, и дали е здраво.

За овој тест ви е потребeн еден малку поголем пластичен сад, доволно голем за да може да ги собере вашите дланки. Во садот ставете што е можно постудена вода, а не е лошо и да додадете неколку коцки мраз.

Потоа, потопете ги двете дланки во водата и оставете ги потопени точно 30 секунди. Тоа ќе ви помогне да дознаете како крвта реагира во контакт со студот.

Ако поцрвенат вашите врвови на прстите, тоа е добра вест бидејќи значи дека срцето и циркулацијата на крвта се сосема здрави. Од друга страна, доколку вашите прсти обледат или добијат сина или виолетова нијанса, можно е да имате проблеми со циркулацијата.

Алармантна состојба и време да посетите лекар е доколку забележите и некои од овие симптоми: краток здив, треска, честа главоболка, болка во градите, прекумерно потење, трнење на рацете, нозете, дланките, прстите на рацете или нозете и вртоглавица.

Храна која го подобрува здравјето на срцето:

– лук
– црно чоколадо
– цимет
– авокадо

здраво срцетест