Во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на КОВИД-19 од:
• Скопје – 3
• Куманово и Тетово – по 1.
Пријавено е едно починато лице од Кичево (39г).
Регистрирани се 8 оздравени пациенти од:
• Скопје и Тетово – по 2
• Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251