Две сестри од скопски Чаир во многу тешка здравствена состојба живеат во мизерни услови. Едната има гангрена на двете нозе а втората поради дијабетес е на инсулин и со отечени стопала поради кои не може да се движи. Но проблемот е уште потежок што поради немање на фиансиски средства, струјата им е исклучена и на овие минусни температури живеат на ладно со кебиња врз нив. Нивна сосестка ги сподели овие информации на социјалните мрежи со цел да побара хуманост и помош од граѓаните. Информира дека проблем не биле институциите бидејќи како соседи алармирале сегде, од Центар за социјални работи до Црвен крст, но сестрата со гангрена не сакала да биде сместена во здравствена институција.
Како што навела сосетката, ова е жиро сметката на една од сестрите 300007035000017 Главинова Валентина. Живеат во Чаир на улица Крсте Асенов 4/1-13 ..телефон 070 239 598