Една година во Македонија нема терапија за превенција од маларија – Филипче допрва ќе набавува

Цела  година во Македонија нема терапија за превенција од маларија. Околу 1000 граѓани биле принудени да купуваат таблети од соседните земји зошто во Македонија нема во ниту еден Центар за јавно здравје. Министерот за здравство најави дека прават напори да  набават вакви таблети кои се пијат како превенција од оваа заразно заболување доколку граѓаните одат во ризични земји во Африка и Азија каде ја има болеста која се пренесува преку комарци.

-Терапијата за превенција од маларија влезе во нашиот следен тендерски интервал кој ќе почне идниот месец. Сега се обидуваме да најдеме заинтересирана компанија која преку интервентен увоз ќе достави мала количина терапија против маларија рече  министерот за здравство Венко Филипче.

Инаку токму земјава деновиве е домаќин на Бордот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, маларија и турбекулоза.

болесткомарцималаријатаблетитерапија