Една чаша вода ја подобрува работата на мозокот!

Со пиење на една чаша вода се забрзува работата на мозокот за 14 отсто. До ова дошле истражувачи од Универзитетот Источен Лондон. Тие објаснуваат дека на тој начин се ослободуваат центрите кои предупредуват на дехидратација, така што мозокот може да биде слободен и да се фокусира на задачите.

Лондонските научници го направиле експериментот на 34 мажи и жени, кои биле тестирани двапати – првиот по појадок со житарици и уште еднаш по пиење на шише вода.

На почетокот тие морале да одговорат колку се жедни. Оние кои кажале дека не се жедни биле подеднакво брзи во тестирањето на временските реакции со вода и без неа. Но кај жедните тие реакции се забрзале по пиењето на вода и биле за 14 проценти побрзи од порано. Истражувачите заклучиле дека водата ја омекнала жеддта и го ослободила делот од мозокот што алармира за недостаток на вода. Експертите препорачуваат дека затоа е најдобро секогаш да се има вода со себе, а може да помогнат и чај или кафе.

Во претходно истражување научниците дошле до податок дека децата кои пијат чаша вода пред тестирањето имаат дури три пати подобри резултати.

водаекспериментжедмозокфункцијачаша