Единствениот детски кардиохирург Владимир Чадиковски од први февруари и официјално почнува да работи во ” Жан Митрев”. Тој заедно со тимот од Детска хирургија – седум лекари и четири медицински сестри, веќе ги доставиле отказите и заедно продолжуваат со работата во приватната кардиохирургија. Чадиковски 21 година помина на Детсдка хирургија и после две децении продолжува со нови сили во нов амбиент. Уште пред новогодишните рпазници кога се објави за јавното приватно партнерство, детскиот кардиохирург најави дека се ова е во интерес на најмалите пациенти со срцеви маани кои ќе добијат добри услови за хируршки третман и лекување.
Инаку Фондот за здравствено осигурување истите пари за операции на срце кај децата кои ги издвојуваше за Детска хирургија сега ќе ги префрла во “Жан Митрев”. Пациентите нема да имаат дополнителни трошоци а во приватната кардиохирургија за почеток ќе доаѓа и експерт од Бугарија.