Двојно повеќе болни од грип регистрирани минатата недела во Македонија

Во текот на 1-ва недела од 2017 година (од 01.01.2018 – 07.01.2018), во Република Македонија пријавени се 246 (I=11,9/100.000) новозаболени лица од грип/на грип слични заболувања, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 128 заболени лица, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 8.067 случаи, постои значително намалување на бројот на заболени во 1-вата недела, кое изнесува скоро 97%. Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на пријавени случаи со заболувања слични на грип изнесува 1.328 (I=64,2/100.000).

Регистрираниот број на случаи е помал за 94,4% споредено со истиот период од минатата сезона (23.843), информираат од ИЈЗ.

болнивирусгрипијз