Двегодишно дете од Скопје викендот се наголтало лекови што ги пронашло во торбата на неговата баба. Од љубопитност пробало седативи и апчиња за висок крвен притисок и маснотии. Во многу тешка здравствена состојба завршило на Клиниката за детски болести. Вистинска драма било на одделот за интензивна нега, каде лекарите едвај успеале да го спасат неговиот живот.
-Беше во многу тешка, коматозна состојба. направило микстура од лекови. Во вакви случаи многу е важно да се знае кои лекови ги испило за да може веднаш да дејствуваме. Го перевме прво желудникот за да биде исчистен од сите токсини, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести
Двегодишното дете кое сеуште е хоспитализирано на одделот за Пулмологија, не е единствен ваков случај на Детска Клиника. Лекарите паметат многу драматични ситуации во кои детската љубопитност можела да биде фатална.
-Прво, овие лекови мора да бидат подалеку од дофат на децата. Никако да не ги ставаме во наша близина за да бидат во дофат и овој апел е до родителите но и бабите и дедовците и сите во смејството. По проодување детето сака се и тоа е нмогу опасно доколку во такви ситуации не дојдат веднаш да побараат лекарска помош, вели Софијанова
Во упатството на секој лек пишува..Подалеку од дофат на деца. Софијанова го посочи и примерот во словенечката, каде на секој агол има табла со предупредување лековите да не бидат во близина на децата.
– Доколку во торбата носите лекови, внимавајте каде ја оставате бидејќи овие апчиња многу лесно можат да завршат во рацете на вашите деца, да ги пробаат мислејќи дека се бомбони и за завршат како итен случлај на Клиника за детски болести.