Двајца од повредените патници во несреќата кај Ласкарци се уште се борат за живот. Критична е состојбата на 19 годишната студентка на КАРИЛ и еден пациент на интензивна нега во ГОБ 8-ми септември.
– Двајца се на механичка вентилација, од кои едниот покажува знаци на будење и ја следиме неговата состојба. Кај вториот состојбата е непроменета. 15 годишното момче е во добра здравствена состојба и е на интензивна нега. За останатите повредени патници можам да кажам дека во текот на утрешниот ден уште 4 до 5 мина ќе бидат пуштени на домашно лекување, изјави Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми септември.
На домашно лекување е пуштена и трудницата која беше повредена во несреќата.