Државниот санитарен и здравствен инспектоерат информира дека 20 лица со повраќање, дијареа и болки во стомакот од ресенските села Крани и Арвати побарале лекарска помош во тамошните болници во текот на оваа недела. Сите биле со полесна клиничка слика и нема хоспитализирани. Надлежните се сомневаат дека причина за ентероколитот кај пациентите е од водата од селскиот водовод кој не се хлорирал, а ги снабдувал со вода овие две села. Екипи на Центарот за јавно здравје Битола, ДСЗИ и Агенцијата за храна излегле на терен и констатирале дека водата е неисправна за пиење и истата е забранета за употреба. Земени се примероци од водата за дополнителни анализи.