Дури 18 пати полошо влијаат цигарите кај жените пушачи

Иако е општо познато дека пушењето предизвикува рак на белите дробови, новите истражувања покажуваат дека кај жените тој ризик е многу поголем.

Неодамнешната студија на Универзитетот во Калифорнија, откри дека е многу веројатно жените кои пушат да добијат рак на белите дробови за разлика од мажите пушачи. Покрај тоа, жените кои сакаат цигари, 18 пати повеќе имаат шанса да умрат од рак на белите дробови за разлика од оние кои не пушат.

И покрај сите предупредувања за штетното влијание на пушењето, „повремените пушачи“ (оние кои пушат само кога пијат или кога се забавуваат) исто така се почеста појава кај жените. Сепак, немојте да се залажувате бидејќи е докажано дека оваа навика доведува до зависност, и само e прашање на време кога ќе станете редовен пушач.

бели дробовиженипушењеракцигари