ДСЗИ и нареди на Клиниката за гинекологија најдоцна за половина година да обезбеди нови инкубатори!

Клиниката за гинекологија има рок од 1 месец да обезбеди лекари и медицински сестри за одделот за интензивна нега, а најдоцна за половина година да набават повеќе нови инкубатори. Ова се само дел од роковите во решението кое ДСЗИ го доставило до најголемото родилиште во земјава по извршениот вонреден инспекциски надзор поради зголемената смртност на новороденчиња. Исто така Установата има рок од 6 месеци да ги смени дотраените стерилизатори и да го поправат кровот кој прокиснува.
-Роковите се различни зошто и забелешките се различни, онаму каде има тендерски постапки роковите се подолги, изјави за Сител д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.
Клиниката за гинекологија има рок од 3 дена да го исвести ДСЗИ по која динамика и како планира да постапува по решението. Доколку не се запазат роковите од инспекторатот се категорични дека ќе има казни.
-Постојат позитивни законски прописи кои дацваат можност доколку нешто е запопочнато и од објективни причини стопирано, тој рок може да се пролонгира, додаде д-р Бухова Сотирова.
ОД ДСЗИ додаваат дека целта на ова решение со точно утврдени рокови е да се намали смртноста на новороденчињата. Само во првите 9 месеци на Клиниката за Гинекологија починаа 127 бебиња.

бебињадсзиинкубаториклиника за гинекологија