Министерството за здравство да ги одземање дозволите за работа на двете приватни ординации инволвирани во лекувањето на 39 -годишниот ресенчанец кој почина од сепса по операција на хемороиди бара Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Инспекторите од ДЗСИ констатирале дека доктор Звонко Николовски имал дозвола да работи само во ПЗУ “Јанита”, и не смеел да оперира во просториите на ординацијата за пластична и рекоконструктивна хирургија во Аеродром каде ја правел интервенцијата на сега починатиот.
Сопственикот на ординацијата пак, доктор Крсто Митаноски бил пензионер од 2012 година и нема информација дека на негово место бил примен друг лекар.
Според ДСЗИ, ПЗУ-то работела на диво, без соодветен кадар.
Инспекторатот предметот ќе го предаде и во Јавното обвинителство за да утврди дали има кривична одговорност за смртта на пациентот.
За другиот трагичен случај со смртта на 61 годишната жена која по шетањето низ болници пред неполн месец почина од сепса на КАРИЛ, ДСЗИ казни лекар од Дигестивна комисија зошто на пациентката не и овозможил соодветна здравствена заштита со образложение дека нема место на Клкиниката.
Дали во двата случаи со ресенчанецот и скопјанката има и лекарски пропусти испитува и стручна комисија од министерството за здравство.