Ја нарекуваат бела смрт, а изгледа дека е поопасна отколку што ние мислиме.
Дали ви се случило да не може да се контролирате кога станува збор за благото?
Дали некогаш сте изеле цело пакетче со слатки во неколку минути и понекогаш сте се чувствувале дека не можете да поминете ниту еден ден, а да не консумирате благо?
Поголемиот дел од луѓето на дрогата гледаат со одбивност, но веројатно не знаат дека поголем дел од нив зависни се од еден друг вид дрога – шеќер. Научниците од Icahn School of Medicine откриле дека шеќерот може да предизвика зависност поголема и посилна за осум пати од онаа на кокаинот. Според истражувањето, храната која предизвикува најголема зависност е пицата поради големиот број скриени шеќери кои може да ги пронајдеме во само едно парче. Покрај пицата, тука спаѓаат и чипсот, бисквитите и сладоледот.
Шеќерот е насекаде околу нас
Баш како и кокаинот, шеќерот го покренува допаминот поради кој веднаш се чувствуваме подобро. Меѓутоа, тоа чувство не трае долго поради тоа мозокот бара уште, а со текот на времето ќе бара уште повеќе за да се постигне тоа чувство на еуфорија. За жал, не е потребен многу голем труд за да се задоволи оваа зависност затоа што шеќерот е насекаде околу нас. Житариците, јогуртот и протеинските плочки на пример, спаѓаат во здрава храна, но всушност можат да ја заситат вашата зависност од слатки.
Намалете го внесувањето на шеќери
Од претерано внесување шеќери нема да станете само зависни – може да развиете и дијабетес, срцеви болести па дури и акни на кожата. Како да ја намалите желбата за слатко? Водата нека биде вашиот главен пијалок, јадете здрава храна наместо индустриска храна и грицки, вежбајте и секако спијте доволно.