Од дамнешно време жените ги користеле зелката, маслиновото масло, млекото и ѓумбирот како состојки за нега на својата кожа.
Сок од зелка
Иако не мириса најубаво, жените со години наназад го користеле сокот од зелка против појава на брчки. Се верува дека сокот има за цел да ги затегне мускулите на лицето, се користи и како маска за лице и како релаксант за масажа и опуштање на контурите на самото лице.
Медитерански пристап
Римјаните го користеле маслиновото масло за да ја исчистат, хидрираат и подмладат кожата. Откако ќе ја навлажнат, ја мачкале со маслиново масло и користеле камен за пилинг и нејзино темелно чистење. Маслиновото масло е богато со витамин А, Д и Е и затоа делува како антиоксидант кога се нанесува на кожата.
Благотворниот ѓумбир
Есенцијалното масло од ѓумбир се користи уште од античко време во алтернативната медицина како решение за многу здравствени проблеми. Покрај тоа што помага во лекувањето на кожни проблеми, ѓумбирот се користел за подобрување на меморијата, респираторниот систем, ги ублажува дури и менструалните болки. Во средниот век жените го користеле ова масло за лечење акни и за затегнување на фацијалните мускули.
Билни лекови
Жените во Индија користеле лимонова трева за зацврстување на кожата. Лимоновата трева е анти-бактериска билка, а жените го користат етеричното масло од лимонова трева за затегање на мускулатурата и контурите на кожата на лицето и телото со цел да се постигне младешки изглед. Исто така, ја користеле и против различни видови на инфекции. Неколку капки масло од лимонова трева во топла купка може да помогне да се намали целулитот и да ја исчисти кожата од акни.