Една инјекција со ботокс може значително да ги олесни депресивните симптоми, откри новата студија. Тие се намалиле за речиси половина кај луѓето кои ги добиле инјекциите. Традиционално ботоксот се користи за да се намали видливоста на брчките на лицето. Но истражувачите откриле дека исто така може да влијае и на симптомите на депресијата.
„Резултатите од истражувањето се навистина зачудувачки, бидејќи им овозможуваат на оние кои страдаат од депресија, како и на нивните лекари целосно нов пристап кон проблемот – при тоа таков кој не влегува во конфликт со ниедно друго лекување на депресијата“, коментира проф. Норман Розентал, водечкиот автор на студијата.
За целите на студијата 74 депресивни лица добиле инјекција со ботокс во мускулите на лицето меѓу веѓите – во оние кои го прават изразот при намуртен. На половина од учесниците им бил вбризгуван ботокс, на остатокот – плацебо.
Симптомите кај оние на кои им бил вбризгуван ботокс, се намалиле за цели 47%, додека намалените симптоми кај плацебо групата биле само 21%. „Новото откритие ја поддржува хипотезата на Дарвин и Вилијам Џејмс, дека изразот на лицето влијае на расположението“, коментира друг од авторите на студијата, д-р Ерик Финчи. Со други зборови: нашите изрази на лицето ем се резултат на нашето расположение, ем можат да го предизвикуваат.
Инјекцијата од ботокс го прави муртењето потешко. Соодветно – помалку намуртеното лице води до помалку негативни емоции и негативно расположение, што ја ублажува депресијата.