Некои лица патат од прекумерно згрутчување на крв, што може да доведе до тромбоза.
Тоа значи дека кај тие лица се создаваат крвни грутки кои ги затнуваат крвните садови, а тоа може да биде многу опасно затоа што може да доведе до срцев или мозочен удар.
Ова се некои симптоми од оваа состојба:
– Болки во нозете може да укаже на оваа состојба. Освен тоа се јавуваат и грчеви.
– Необјаснето кашлање, кое трае подолго време без одредена причина, може да укажува на крвно згрутчување.
– Болки во градите, отежнато дишење може да укажуваат на присуство на крвно згрутчување во пределот на белите дробови, освен тоа може да укажува и останати срцеви тегоби. Вртоглавица е уште еден од симптомите.
– Краток здив, болки при длабоко вдишување, невозможност за длабоко вдишување, исто така се показатели за оваа состојба.
– Отекување на нозете е уште еден показател, а крвното згрутчување доведува до тромбоза и спречување нормално распределување на кислород кон органите.
– Црвените ленти, линии на кожата се многу чест симптом на оваа состојба.
При воочување на некои од симптомите, веднаш да посетите лекар.