Лимонот е одличен сојузник кога женската убавина е во прашање.
Состојките од маската кои ќе ги прочитате во продолжение се одлична комбинација во борбата против ситните брчки и разните дамки на лицето.
Потребно е:
- лимонов сок
- две лажички сода бикарбона (содата е одлична за пилинг).
Подготовка:
Промешајте лажичка лимонов сок со две лажички сода бикарбона. Мешајте додека не добиете бледо жолта паста. Намачкајте го лицето и вратот.
Нанесената маска држете ја 15 минути. Користете топла, влажна крпа и избршете ја маската од лицето.
Со студена вода, затворете ги порите и потхранете ја кожата со крема.
Доколку имате проблем со проширени пори во маската наместо сода ставете изматена белка од јајце. Ефектот ќе биде неверојатен.